• петок, 05 декември 2025

Баерн ја победи Борусија Дортмунд, Кејн постигна гол во својот деветти натпревар по ред

Баерн ја победи Борусија Дортмунд, Кејн постигна гол во својот деветти натпревар по ред

Минхен, 18 октомври 2025 (МИА) - Баерн Минхен вечерва ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 дома во седмиот натпревар од германската Бундеслига.

Хари Кејн (22. минута) и Михаел Олисе (79.) постигнаа по еден гол за Баерн. Кејн постигна гол во својот деветти натпревар по ред во сите натпреварувања, вклучувајќи ги и натпреварите за англиската репрезентација.

Јулијан Брант (84.) го постигна единствениот гол за гостите.

Баерн (21 бод) ја обезбеди својата седма победа во седум натпревари и го задржува водството во Бундеслигата. 

Борусија со 14 бода е на четвртото место на табелата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан