• среда, 27 ноември 2024

Баерн се разделува со двајца фудбалери

Баерн се разделува со двајца фудбалери

Минхен, 13 мај 2024 (МИА) – Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен објави денеска заминување на напаѓачот Ерик-Максим Чупо-Мотинг и дефанзивецот Буна Сар.
Церемонијата на збогување со играчите се одржа пред натпреварот со Волфсбург (2:0) од 33. коло во Бундес лигата. Двајцата фудбалери го напуштаат баварскиот клуб како слободни играчи бидејќи нивните договори истекуваат идниот месец.
Французинот Сар (32) одигра 33 натпревари за Баерн оваа сезона и постигна еден гол, а запиша и четири асистенции.
Триесетипетгодишниот камерунски репрезентативец Чупо-Мотинг заминува од Баерн по одиграни 122 натпревари, на кои постигна 38 голови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан