Баерн постави клупски рекорд под водство на Компани
- Баерн постигна 29 гола на шест натпревари под водство на Винсент Компани. Ова е клупски рекорд.

Минхен, 21 септември 2024 (МИА) - Баерн постигна 29 гола на шест натпревари под водство на Винсент Компани. Ова е клупски рекорд.
Со ниеден тренер претходно Баерн нема постигнато толку голови на шест натпревари.
Баварците денес го совлада Вердер со 5:0 во 4. коло од германскиот фудбалски шампионат.
На 28 септември најтрофејниот клуб во Германија ќе се сретне со Баер Леверкузен, актуелниот бундеслигашки шампион. зс/
Фото: ЕПА