• сабота, 27 јули 2024

Баерн подготвен да понуди 45 милиони евра за Кулибали

Баерн подготвен да понуди 45 милиони евра за Кулибали
Рим, 1 март 2021 (МИА) - Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, својата кариера може да ја продолжи во Германија. Според „Tuttomercatoweb“, 29-годишниот Сенегалец се најде во сфреата на интереси кај  Баерн Минхен, кој е подготвен да плати 45 милиони евра за фудбалерот. Во тековната сезона, Кулибали одигра 28 натпревари на сите турнири, на кои постигна еден гол, заработи седум жолти картони и едно исклучување. зс/

Остани поврзан