• среда, 25 декември 2024

Баерн планира да го продолжи договорот со Ернандез и покрај тешката повреда на Светското првенство

Баерн планира да го продолжи договорот со Ернандез и покрај тешката повреда на Светското првенство
Минхен, 25 ноември 2022 (МИА) - Раководството на Баерн планира да го продолжи договорот со францускиот дефанзивец Лукас Ернандез, пренесува „Bild“. Двете страние биле во контакт и пред почетокот на Светското првенство во 2022 година во Катар, преговорите се воделе на позитивен начин. По завршувањето на Мундијалот 2022 година, минхенскиот клуб и Французинот ќе потпишат нов договор. Актуелниот договор е до летото 2024 година. На 22 ноември, дефанзивецот доживеа кинење на предните вкрстени лигаменти на десното колено на првиот натпревар од групната фаза на Светското првенство 2022 година со Австралија (4:1) и ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци. Ернандез наскоро ќе биде опериран. Според „Билд“ повредата на играчот нема да влијае на продолжувањето на договорот со клубот. зс/

Остани поврзан