• вторник, 23 јули 2024

Баерн го освои германскиот Суперкуп

Баерн го освои германскиот Суперкуп
Дортмунд, 17 август 2021 (МИА) – Актуелниот шампион во Бундеслигата, Баерн Минхен го освои Суперкупот на Германија, откако вечерва ја победи Борусија Дортмунд на нејзин терен со 3:1. Најзаслужен за триумфот на Баварците е Роберт Левандовски кој два пати се запиша во листата на стрелците (41. и 74. минута). Гол за Баерн постигна и Томас Милер, додека Марко Ројс е стрелец на единствениот погодок за „милионерите“. Левандовски постигна гол на 14-ти последователен официјален натпревар. За Баерн ова е деветти освоен Суперкупот и е најуспешна екипа, Борусија Дортмунд е втор тим по успешност со шест трофеи. зс/

Остани поврзан