Баерн без Чупо – Мотинг против Сити
- Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен ќе игра без камерунскиот репрезентативец Ерик Максим Чупо – Мотинг во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони на гостински терен против Манчестер сити, објави денеска баварскиот клуб.

Минхен, 10 април 2023 (МИА) – Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен ќе игра без камерунскиот репрезентативец Ерик Максим Чупо – Мотинг во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони на гостински терен против Манчестер сити, објави денеска баварскиот клуб.
Чупо – Мотинг ќе го пропушти утрешниот натпревар поради проблеми со коленото.
Триесетичетиригодишниот Камерунец, кој сезонава за Баерн постигна десет голови го германското првенство и три во ЛШ, не беше во составот и на саботниот дуел против Фрајбург.
Покрај пресметката меѓу Манчестер сити и Баерн Минхен, утре во ЛШ својот прв четвртфинален натпревар ќе го одиграат Бенфика и Интер, додека в среда Милан ќе му биде домаќин на Наполи, а Реал Мадрид на Челзи. ег ФОТО: Фејсбук