• среда, 27 ноември 2024

Баербок: Русија е виновна за ракетниот напад во Полска

Баербок: Русија е виновна за ракетниот напад во Полска
Шарм ел Шеик, 16 ноември 2022 (МИА) – Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок оцени дека Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска.

- Овие луѓе немаше да загинат ако не беше оваа брутална руска воена агресија, истакна Баербок денеска по пристигнувањето на конференцијата на ОН за климата во Египет.

Таа додаде дека разузнавачки информации сугерираат ракетите биле на украинската воздушна одбрана, која реагирала на низата воздушни напади врз украинските градови. - Изминатите 18 часа покажаа колку е важно да се однесуваме внимателно во овие моменти, но пред сè и заедно како Европска Унија, како НАТО, истакна Баербок. Врз полското село Пржеводов, лоцирано околу шест километри од границата со Украина, вчера паднаа две ракети при што загинаа две лица. ми/

Остани поврзан