• среда, 27 ноември 2024

Баербок: Имаме големи индиции за воени злосторства во Украина

Баербок: Имаме големи индиции за воени злосторства во Украина
Берлин, 11 април 2022 (МИА) -  Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Германија верува дека постојат силни индиции оти се извршени воени злосторства во Украина. - Имаме големи индиции за воени злосторства. На крајот, судовите ќе треба да одлучат, но за нас е клучно да ги обезбедиме сите докази, истакна Баербок пред состанокот со европските колеги во Луксембург. Таа наведе и дека германска федерална Влада веќе јасно стави до знаење дека ќе има целосно укинување на фосилните горива, почнувајќи од јагленот, потоа нафтата и гасот, а за да го направиме тоа заедно во Европска Унија, ни треба заеднички, координиран план за целосно укинување на фосилните горива“. ми/  

Остани поврзан