Бадоса поради топлотен удар не го заврши четвртфиналето на Олимпијадата, од теренот изнесена во инвалидска количка
- Шпанската тенисерка Паула Бадоса не го доигра четвртфиналниот меч против Маркета Вондрушова на Олимписките игри во Токио. Таа се откажа откако првиот сет загуби со 3:6.

Токио, 28 јули 2021 (МИА) – Шпанската тенисерка Паула Бадоса не го доигра четвртфиналниот меч против Маркета Вондрушова на Олимписките игри во Токио. Таа се откажа откако првиот сет загуби со 3:6.
На Шпанката и се слоши поради жештината. Не можеше сама да го напушти теренот – ја изнесоа во инвалидска количка.
Денес Бадоса сепак треба да игра и во мешани двојки. зс/