Бадел ја забележа првата победа во ВАБА-лигата
- Голема победа остварија кошаркарите на Бадел 1862 против фаворизираниот Триглав, вчеравечер во Скопје со 69:44. Ова беше дуел од вториот круг од натпреварите во женското издание на Јадранска
Скопје, 26 јануари 2022 (МИА) – Голема победа остварија кошаркарите на Бадел 1862 против фаворизираниот Триглав, вчеравечер во Скопје со 69:44. Ова беше дуел од вториот круг од натпреварите во женското издание на Јадранската ВАБА лига.
Беделки изненадија уште еднаш, пред се со добра игра во дефанзивата. Го изненадија фаворизиранито противник со силна одбрана, агресивна, на граница на лична грешка. Беа присебни во нападот, и уште во првата фаза од натпреварот во „Независна Македонија“ се стекнаа со повеќе од солидно водство. Поточно, по десет минути игра, веројатно и најдобрите откако учествуваа во Јадранската лига. имаа избраничките на тренерот Перо Стамески неочекувани, но сосема заслужени (26:10).
Гостинките од Словенија ја добија втората четвртина, до полувремето намалија на (29:36).
Но Бадел 1862 немаше намера да застане. Силно ја посакуваа првата победа во суперлигашката конкуренција. Одиграа уште подобро отколку во првиот период Го оставија збунетиот противник кој во Скопје дојде со само осум кошаркарки, на само четири поени. Поведоа девојките во „сино-жолта“ комбинација со највисоки (54:33), како вовед во првата победа во втората фаза на WABA лигата.
Најефикасни во победничката екипа беа Сара Максмовска и Нена Трајчевска со 15 и Александра Стојановска со 12 поени.
Во следното коло, на 3 февруари, исто така во Скопје, Бадел 1862 ќе го пречека топ-фаворитот во регионалната лига, екипата на Будуќност Бемакс.
Бадел по девет кола има една победа, додека Будуќност е со максимален ефект од седум победи на исто толку натпревари. зс/