• сабота, 23 ноември 2024

Ањели: Обвиненијата против нас се неосновани

Ањели: Обвиненијата против нас се неосновани

Торино, 27 декември 2022 (МИА) - Андреа Ањели ги смета за неосновани обвинувањата кон поранешното раководство на Јувентус.

- За љубовта на Јувентус, во последните години направив се што е можно за да постигнам резултати на теренот и надвор од него. Јувентус е над се. Цврсто верувам дека во последните години постапив како што треба и дека обвинувањата против нас беа неосновани, изјави екс-претседателот на Јувентус на состанокот на акционерите на клубот.

Претходно, оставка поднесе и целиот управен одбор на Јувентус, вклучувајќи го и Ањели.

Јувентус и поранешните членови на управата на клубот се соочуваат со судски постапки.

Вчера, компанијата „Ексор“, во сопственост на семејството Ањели и мнозински сопственик на Јувентус, ја претстави листата на кандидати за новиот управен одбор на клубот. Џанлука Фереро се кандидира за претседател, а Маурицио Сканавино се кандидира за извршен директор. Новиот состав на одборот на директори ќе биде соопштен на собранието на акционери на 18 јануари. зс/

Остани поврзан