• недела, 13 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Аљбуљена Хаџиу повторно не доби доволно гласови за претседателка на косовското Собрание, нов обид в петок

Аљбуљена Хаџиу повторно не доби доволно гласови за претседателка на косовското Собрание, нов обид в петок

Приштина, 23 април 2025 (МИА) - Кандидатката на Движењето Самоопределување Аљбуљена Хаџиу, и по третпат не успеа да обезбеди доволно гласови за функцијата претседател на Собранието на Косово.

На денешното гласање, 57 пратеници гласаа „за“, 46 „против“, а тројца беа воздржани. Поради тоа, актуелниот претседател на Собранието, Авни Дехари, соопшти дека според резултатите, Хаџиу не ги исполнува условите за да биде избрана.

Седницата беше прекината и ќе продолжи в петок во 11:00 часот.

Пратениците од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) гласаа против Хаџиу, додека пратениците на партијата Нисма повторно се воздржаа.

Во текот на расправата за кандидатурата на Хаџиу, пратеникот Гљаук Коњуфца изјави: „Движењето Самоопределување ја предлага Албулена Хаџиу за претседател на Собранието и ве охрабрувам да ја поддржите за да го надминеме овој ќор-сокак“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан