• вторник, 24 декември 2024

„Ајфон“ со преклопување најавен за 2025 година

„Ајфон“ со преклопување најавен за 2025 година

Лос Анџелес, 19 октомври 2022 (МИА) - Првиот „Ајфон“ со преклопување на „Епл“ се очекува најрано во 2025 година, но тоа - по преклопливиот „Ајпад“ којшто засега е најавен за 2024 година.

Таблет со преклопување во мигов има повеќе смисла за „Епл“ отколку паметен телефон со преклоп, а има неколку причини за тоа. Како прво, таквиот „Ајфон“ би бил, најверојатно, премногу скап за да се потиснат другите модели. Истражувачката компанија „ЦЦС Инсајт“ проценува дека цената може да биде најмалку 2.500 долари. Покрај тоа, постои веројатност првиот преклоплив уред на „Епл“ да има и технички проблеми, па компанијата не сака да ризикува со својот најважен производ - „Ајфонот“. Покрај тоа, воведувањето механизам со преклопување треба „да вдахне нов живот“ во линијата на таблетите. Од друга страна, пак, таблет со преклоп би можел да биде и попривлечна понуда за купувачите бидејќи е нешто што другите компании сè уште не го нудат. Сепак, „Ајпадите“ се и меѓу најдобрите таблети денес, но „Епл“ ќе мора да ја продолжи конкурентската борба за да го задржи своето водечко место на пазарот.  си/

Остани поврзан