Ајфеловата кула евакуирана по закана за бомба
- Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска се евакуирани по закана за бомба, објави весникот „Паризиен“, повикувајќи се на полициски извор.

Париз, 12 август 2023 (МИА) - Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска се евакуирани по закана за бомба, објави весникот „Паризиен“, повикувајќи се на полициски извор.
На местото на настанот се испратени експерти за деактивирање бомби, додава „Паризиен“. паг/
Фото: МИА архива