• вторник, 24 декември 2024

„Ајриш тајмс“ се извини за објавено мислење делумно „напишано“ од ВИ

„Ајриш тајмс“ се извини за објавено мислење делумно „напишано“ од ВИ

Даблин, 15 мај 2023 (МИА) - „Ајриш тајмс“ (Irish Times) се извини за објавување изјава, т.е. мислење што, се чини, е делумно „напишано“ од вештачка интелигенција, во наводна измама за којашто уредникот Руадан Мек Кормаик вели дека ги нагласува предизвиците со коишто се соочуваат весниците.

Мек Кормаик рече дека весникот „искрено жали“ за коментарот со наслов „Ирската женска опсесија со лажен тен е проблематична“ објавен во четвртокот. Авторката на коментарот е именувана Адријана Акоста-Кортез, и опишана како 29-годишна здравствена работничка од Еквадор која живее во северен Даблин, Ирска, а текстот е придружен и со фотографија на наводниот автор.

„Сега се чини дека написот и придружната фотографија на авторот можеби се произведени, барем делумно, со користење на генеративна ВИ-технологија. Тоа беше измама - личноста со која се допишувавме не беше она што таа тврдеше дека е. Станавме жртви на намерна и координирана измама“, напиша во неделата главниот уредник.

Мек Кормаик рече дека дознале дека колумната можеби не е автентична помалку од 24 часа подоцна.  си/

Остани поврзан