• петок, 05 декември 2025

Ајатолах Хамнеи: Геноцидот во Сребреница ја открива дволичноста на западните земји

Ајатолах Хамнеи: Геноцидот во Сребреница ја открива дволичноста на западните земји

Бањалука, 11 јули 2025 (МИА) – Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска, по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница, оцени дека токму тоа злосторство ја открива дволичноста на западните земји кои тврдат дека се залагаат за човекови права.

- Секој што сака со свои очи да ги види лагите за тврдењата за залагање за човекови права во САД и некои други земји, треба да ги погледне случувањата во Сребреница и другите градови, напиша Хамнеи на Х.

Хамнеи всушност ја повтори својата изјава, која ја даде на 12 јули 1995 година, ден откако војската на Република Српска ја зазеде Сребреница, која беше под заштита на силите на Обединетите нации, пренесе Бета. јт/

Фото: Х

Остани поврзан