• понеделник, 23 декември 2024

Ајатолахот Хамнеи им се заблагодари на вооружените сили на Иран за операцијата против Израел

Ајатолахот Хамнеи им се заблагодари на вооружените сили на Иран за операцијата против Израел

Техеран, 21 април 2024 (МИА) - Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи денеска им се заблагодари на вооружените сили на земјата за нивната операција против Израел и ги повика „постојано да се стремат кон воени иновации и да ги учат тактиките на непријателот“.

„Главното прашање не е колку проектили беа лансирани и колку од нив ја погодија целта, туку она што е важно е дека Иран ја покажа својата решителност за време на таа операција“, рече Хамнеи.

Напад врз воен аеродром во близина на градот Исфахан во централен Иран беше извршен завчера, а иранските медиуми објавија дека над Исфахан биле соборени три беспилотни летала. 

Неименувани американски претставници изјавија за американските медиуми дека Израел го извршил нападот во Иран.

Иран изврши напад со беспилотно летало и балистички и крстосувачки ракети врз Израел ноќта меѓу 13 и 14 април како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан