• вторник, 17 декември 2024

Ајатолахот Хамнеи ги обвини САД и некои европски земји за тензиите и војните на Блискиот Исток и порача да се „изгубат од регионот“

Ајатолахот Хамнеи ги обвини САД и некои европски земји за тензиите и војните на Блискиот Исток и порача да се „изгубат од регионот“

Техеран, 2 октомври 2024 (МИА) - Врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска се сретна со група високи државни претставници во Техеран и притоа за тензиите и регионалните војни на Блискиот Исток ги обвини „САД и некои европски земји“ кои „лажно тврдат дека носат мир и спокојство во регионот“.

Тој им порача да „се изгубат од регионот“ за земјите од регионот да живеат во мир

Ајатолахот, кој неколку дена се наоѓа на тајна и безбедна локација, изјави  дека е „тажен“ поради убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, но не ја одложи средбата со високите претставници бидејќи, како што рече, „тагата на Иран е оживувачка и движечка сила“.

Високо рангиран ирански функционер за британските медиуми потврди дека наредбата за лансирање на ракетата кон Израел ја издал лично врховниот лидер Хамнеи.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан