• недела, 21 јули 2024

Ајакс – Рома најпривлечна двојка во четвртфиналето на ЛЕ

Ајакс – Рома најпривлечна двојка во четвртфиналето на ЛЕ
Нион, 19 март 2021 (МИА) – Познати се двојките за четвртфиналето и во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување на европскиот континент. Во Нион, Швајцарија, попладнево УЕФА изврши жрепка и за полуфиналната фаза. Двојки за четвртфиналето во фудбалската Лига на Европа: Гранада – Манчестер јунајтед Арсенал – Славија Ајакс – Рома Динамо Загреб – Виљареал. Во полуфиналето ќе се сретнат победниците од првата и третата двојка, како и поуспешните од вториот и четвртиот пар. Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 8 април, реваншите на 15 април. Првите полуфиналиња се закажани за 29 април, реваншите за 6 мај. Финалето ќе се одржи на 26 мај во Полска на „Арената Гдањск“. зс/

Тагови

Остани поврзан