• петок, 08 ноември 2024

Ашаданов нов селектор на македонската женска кошаркарска репрезентација

Ашаданов нов селектор на македонската женска кошаркарска репрезентација
Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) - Актуелниот шеф на стручниот штаб на ЖКК Вардар, и доскорешен асистент-тренер во нашата најдобра селекција, Александар Ашаданов, ќе ја предводи македонската сениорска репрезентација во наредниот циклус од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2023 година во Словенија и Израел. -Чест и задоволство е да се биде селектор на една репрезентација, уште поголема ако станува збор за својата земја. Огромна благодарност до раководството на кошаркарската федерација кое одлучи да ме назначи за селектор на сениорките. Ова е голем предизвик за мене како тренер, а предизвиците отсекогаш биле мојата енергија и мотивација. Иако сум запознаен со целосната ситуација во женската кошарка кај нас и на тоа се додаде групата на нашата репрезентација, сепак сум голем ентузијаст и верувам во квалитетот на нашите репрезентативки, изјави Ашаданов за веб-страницата на КФСМ. Триесет и двегодишниот селектор ја добива довербата од федерацијата да ја предводи најдобрата женска селекција низ натпреварите од групата „А“ во која нè очекуваaт шест натпревари против репрезентациите на Германија, Белгија и Босна и Херцеговина. Ашаданов, кој на селекторското место го наследува Владимир Ѓоровиќ важи за еден од најперспективните млади тренери во земјава. Во минатата сезона активно учествуваше во успесите на екипата на Баскет Кам 2011 со која ја освои двојната круна, првенството и Купот на Македонија. зс/

Остани поврзан