• понеделник, 23 декември 2024

Ацевски: И годинава има сомнежи за незаконски постапувања

Ацевски: И годинава има сомнежи за незаконски постапувања
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Годинашните ревизорски извештаи се во нацрт фаза. Има одредени сомнежи за незаконски постапувања, но јавноста ќе биде информирана за што станува збор откако извештаите ќе бидат конечни, рече денеска главниот ревизор во Државниот завод за ревизија (ДЗР) на Република Северна Македонија, Максим Ацевски. Одговорајќи на новинарски прашања по завршната конференција за ЕУ твининг-проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“, Ацесвки нагласи дека надлежните органи може да постапуваат и по допрен глас - откако ДЗР ќе ги постави конечните ревизорски извештаи на својата веб страница. Ацесвки објасни и дека бројот на ревизии се утврдува со годишната програма на ДЗР. Но, ако ДЗР утврди одредени материјални сомневања за незаконски постапувања кај некој субјект, програмата може да ја измени и дополни и тој субјект да биде предмет на ревизија. -Со Програмата за 2022 година ревизорските извештаи се во нацрт фаза. Имаме одредени сомнежи за незаконски постапувања, но кога ревизорските извештаи ќе бидат конечни, ќе ја известиме пошироката јавност. Во делот на засегнатите страни, независно дали ДЗР доставил конечни извештаи до Јавното обвинителство или до МВР, тие секогаш добиваат информации и дека извештаите се ставени на нашата веб страница, па може да постапуваат и по допрен глас, на сопствена иницијатива, изјави главниот ревизор. Тој потсети дека од 1 октомври 2022 година ДЗР ја извстила јавноста дека е во тек подготовката на програмата за 2023 година. -Поради тоа, уште еднаш ги замолуваме сите засегнати страни, физички и правни лица, ако сметаат дека некои субјекти од јавниот сектор направиле одредени злоупотреби, се сомневаат во тоа или сметаат дека треба да бидат предмет на ревизија, да достават барање со кое всушност се доставува иницијатива дека некои субјекти треба да бидат предмет на ревизија за да бидат опфатени со програмата за 2023 година, рече Ацевски. ДЗР лани издал 109 ревизорски извештаи од кои одредени, каде е утврдено незаконско постапување, биле доставени до надлежните органи, вклучувајќи го и Јавното обвинителство. -Имаме повратни информации, но не можам да ги споделам со јавноста. Додека нема конечна пресуда, не можам да кажам дека некој постпаил незаконски. Тоа е само сомнеж. Верувам дека ЈО ќе достави повеќе информации што и како напрвило по тие конечни ревизорски извештаи. Често пати се очекува ДЗР да ги заврши сите активности, вклучувајќи и извршување на ревизијата и проследување на натамошните постапки, а целокупниот процес на постапувањето по конечните ревизорски извештаи е на повеќе надлеќни органи: ЈО, МВР и надлежните судови кои утврдуваат дали има законско или незаконско работење по одредени пријави, истакна Ацевски. Според него, досега ниту една институција од јавниот сектор не го попречила работењето на ДЗР. -Тоа треба да претставува доказ дека сите сакаат да соработуваат и имаат почит кон работата на ДЗР: Ако ги погледнете заклучоците од Владата по разгледувањето на конечните ревизорски извештаи, моќже да заклучите дека придонесот на ДЗР е огромен зашто освен што сме ги дале препораките, владата донесува дополнителни заклучоци кои ги задолжува не само субјектите кои биле предмет на ревизија, туку и останатите субјектеи во јавниот сектор за начинот на постапување, потенцира Ацевски. мч/са/

Остани поврзан