АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо
- По информациите дека синоќа во полиција биле повикани на разговор новинарски екипи поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите на плоштадот во Скопје, Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) денеска соопшти дека лицата кои оперирале со дронови при вчерашните настани морале да бидат регистрирани оператори на дронови и да поседуваат потврда за регистриран оператор на дрон издадена од АЦВ. Истите, потенцира АЦВ, никако не смееле директно да ја надлетуваат групата, односно собирот на луѓе, бидејќи во ниту една категорија на операции со дронови (А1, А2 или А3) не е дозволено директно да се надлетуваат собири на луѓе.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.