• среда, 25 декември 2024

Ахмети: Со АА сме во разговори за влез во Владата, потребен е ветинг на сите државни институции

Ахмети: Со АА сме во разговори за влез во Владата, потребен е ветинг на сите државни институции
Тетово, 20 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека вчерашната средба кво партиското седиште во Мала Речица, која траеше 11 часа, била една од низата традиционални средби на партијата, а имало конструктивна дебата. -На средбата беа слушнати забелешки врз извештајот на извршната власт, со цел да се подобри работата во овие институции. Се дискутираше за прашањето за ветинг, каде како ДУИ имаме одговорност за непречено функционирање на државата. Имаше и различни теми, се разговараше за образованието, за здравството, за имплементација на албанскиот јазик. Нема да се прекинат дебатите во ДУИ или различните размислувања. Јас сум еден од оние кои не би се согласиле доколку се потисне различното мислење, но на крајот мора да се почитува мислењето на мнозинството. Демократијата има свои граници, тоа значи дека во демократијата не е дозволена анархија, рече Ахмети. На новинарско прашање за можноста Алијансата за Албанците да и се приклучи на владината коалиција, Ахмети истакна дека и тој и премиерот Димитар Ковачевски се во разговори, но, како што посочи, уште е рано да се зборува за некаков епилог. -Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претсавници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата, рече тој. Во врска со скорешната реакција на амбасадорката на САД во земјава околу избирањето на шефот на  Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, Ахмети рече дека нејзината реакција била принципиелна и посочи дека за ова прашање ДУИ веќе со години бара сеопфатен ветинг, почнувајќи од локалната до централната власт. - Изјавата на американската амбасадорка е принципиелна. Борбата против криминалот на корупцијата мора да биде бескомпромисна. Изборот на законодавните тела треба да бидат независни органи и сето ова време промовиравме дека тизвршната власт треба да биде независна и ние веќе неколку години инсистираме да се направи ветинг, во сите државни институции. Без соодветен ветинг не можеме да бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото. Ние сме за владеење на правото, ние сме за ветинг. Партнерство со нас ќе има секој кој што е посветен, одлучен за вистинска ветинг и за функционирање и владеење на правото. Тоа значи дека ги забрзуваме чекорите кон членство во Европската Унија, со тоа што ќе бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата, но овој успех доаѓа и од вистинска проверка на сите политички и законодавни фигури, од локалната до централната власт, изјави Ахмети. фф/мч/

Остани поврзан