• среда, 27 ноември 2024

Ахмети: СДСМ и ДУИ направија многу работи за време на тригодишниот мандат, партнерството треба да продолжи

Ахмети: СДСМ и ДУИ направија многу работи за време на тригодишниот мандат, партнерството треба да продолжи
Скопје, 25 август 2020 (МИА) - СДСМ и ДУИ направија многу работи заедно за време на тригодишниот мандат, колку што траеше последниот владин состав и партнерството со СДСМ треба да продолжи, изјави вечерва претседателот на ДУИ, Али Ахмети. -Партнерството со СДСМ треба да продолжи, заедно направивме многу работи. Заев се извини за тоа што во нелегално сниманите разговори кои беа објавени во изборната кампања ги нарекува Албанците дека не вредат пет пари, рече Ахмети во дебатниот магазин „Click Plus“ ТВ21. Тој потенцира дека нема несогласувања во ДУИ, и оти сите избрани пратеници во Собранието ќе гласаат за новиот состав на Влада. -ДУИ ќе даде зелено светло за новиот состав на Влада. Нема несогласувања во ДУИ, сите избрани пратеници во Собранието ќе гласаат за новиот состав на Влада, рече Ахмети. Ахмети вечерва зборуваше и за последните релации со партијата која доби најголем број мандати, како и превирањата за време на предизборната и изборна кампања.бт/скс/      

Остани поврзан