• вторник, 24 декември 2024

Ахмети од Студеничани: ДУИ е докажан субјект во сите области на дејствување

Ахмети од Студеничани: ДУИ е докажан субјект во сите области на дејствување

Скопје, 3 октомври 2021 (МИА) - Демократската унија за интеграција денеска ја продолжи предизборната кампања со собирот во општина Студеничани каде ги претстави кандидатот за градоначалник Ејуп Абази, листата на кандидати за советници предводена од Ибрахим Рамадани и изборната програма заснована на зелената агенда и нејзините проекти за квалитетен живот.

Пред присутните граѓани се обратија претседателот на ДУИ Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши и кандидатот за градоначалник Ејуп Абази. Претседателот на ДУИ во својот говор ги образложи причините зошто треба да се гласа за Демократската унија за интеграција, нагласувајќи дека станува збор за 19 години работа на стручен кадар и докажан со неговото знаење.

-ДУИ веќе 20 години создава кадар, создава професионални луѓе во различни области. Зошто ДУИ треба да се гласа, а не другите? Треба да се гласа затоа што е докажан субјект во сите области на дејствување. Од 2002 до 2021 година се 19 години професионална работа, тоа е работа на луѓе кои се докажани и со меѓународни искуства, прифатливи и ценети во сите соочувања и семинари што се организираат. Овде, во Европа и Америка, докажавме дека знаеме да водиме, дека знаеме да работиме и да проектираме. Затоа, јас, како еден од граѓаните на оваа земја, како еден од припадниците на овој народ, ви се обраќам со највисока одговорност затоа што гласот е свето нешто, водењето на една општина, на една земја и држава е морална и национална одговорност, затоа што ние немаме време за губење, времето е скапоцено. Не случајно ја презентираме зелената агенда бидејќи тоа е барање и чекор на времето. Во оваа земја сите ние мора да работиме, да ги оставиме зад нас предрасудите. Оваа земја е на прагот на членство во ЕУ и треба да направиме уште еден чекор, изјави меѓу другото Ахмети.

Првиот вицепремиер, Артан Груби истакна дека ДУИ отсекогаш стоела во поддршка на општина Студеничани и дека сите поголеми проекти во оваа општина го носат печатот на Демократската унија за интеграција.

-Дојде време, браќа, вака како што се собравме да го поддржиме Али Ахмети, да му кажеме на Ејуп честито победа и успешна работа. Иако оваа општина во текот на минатиот мандат не беше предводена од ДУИ, сите проекти што се направени овде имаат печат на Али Ахмети и ДУИ, како што се училиштето во Љубош, водоводната мрежа во Количани, салата во Студеничани, или што и да е направено во оваа општина го носи потписот на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција, рече тој.

Нашата мисија, како што рече Груби, е да ја вратиме ДУИ на 153.646 гласа во 2014 година. - Нашата мисија е да ги направиме Албанците, Бошњаците, Турците, Ромите и сите други уште посилни во ова земја затоа што кога Демократската унија за интеграција е силна, силна со големи бројки, сите имаат корист, посочи Груби во својот говор.

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека функционерите на ДУИ никогаш не прават разлика помеѓу општините, особено кога станува збор за албанските општини и дека за тоа сведочат проектите што досега ги спроведуваше Владата во Општина Студеничани. -Повеќе од убеден сум дека со градоначалникот Ејупи ќе ги зголемиме десет пати повеќе проектите што ќе го подобрат животот на граѓаните на општина Студеничани. Затоа, нека ни е со среќа победата и на 17 октомври сум повеќе од убеден дека од првиот круг општина Студеничани ќе ја направи промената, промената што ќе не доведе до квалитетен живот и реализација на зелената агенда, рече министерот Бектеши. Кандидатот за градоначалник на Студеничани, Ејуп Абази ја изрази својата благодарност за поддршката дадена за развојот на Општина Студеничани на извршните и партиските структури на ДУИ долги години. Тој рече дека има волја и подготвеност да биде градоначалник во служба на сите граѓани без разлика, имајќи приоритет реализација на квалитетни проекти кои и ги изброи.

-Младите имаат јасна визија и имаат идеи за тоа како треба да изгледа нивната општина во наредните години. Тие речиси не надминуваат во нивните барања за квалитетно образование, сакаат да бидат конкурентни со своите врсници во знаењето и науката. Како и секој друг, тие сакаат да постигнат различни успеси во областа на спортот на регионално и меѓународно ниво, тие со своите идеи бараат нивната општина да се натпреварува со другите општини за дигитализација на општинските услуги. Затоа, драга младино, ветувајќи ви дека вратите на општината секогаш ќе бидат отворени за да ги слушнете вашите идеи и визија за општината и да направиме се што е можно за да ги имплементираме вашите идеи и планови, рече меѓу другото Абази. Демократската унија за интеграција утре ќе ја продолжи кампањата во Врапчиште со презентирање на кандидатот за градоначалник, листата на општински советници и изборната програма. дма/мч/

Остани поврзан