• сабота, 16 ноември 2024

Ахмети и Села потпишаа коалиција во Гостивар

Ахмети и Села потпишаа коалиција во Гостивар

Гостивар, 30 март 2024 (МИА) – На партиски собир во спортската сала „Младост“ во Гостивар Али Ахмети и Зијадин Села потпишаа предизборна коалиција.

Али Ахмети од Гостивар порача дека ова е местото за враќање на спомените од минатото, бидејќи како што рече со лидерите на другите партии направиле голема работа.

- Денес сум вашиот голем брат кој ве штити сите како за време на војната во 2001 година кога го имавме големиот Арбен Џафери. Денес ни треба единство за да се соочиме со силно ДА за Европа и НЕ за Русија. Вие луѓе сте гласот на нашиот Фронт, не ве срамиме, но ќе се исправите со нас, рече Ахмети на собирот во Гостивар.

Тој напомена дека 24 април ќе извојуваат големата победа со претседателот Бујар Османи, а на 8 мај ќе носат победа за влез во Европската Унија.

Али Ахмети од Гостивар порача дека ова е местото за враќање на спомените од минатото, бидејќи како што рече со лидерите на другите партии направиле голема работа.

Ахмети посочи дека е потребна мирна кампања, а европскиот фронт го има најголемиот човечки капитал кој ќе ги води процесите напред заедно со Турците, Ромите, Бошњаците.

Зијадин Села пред гостиварци и симпатизерите на двете партии кажа дека оваа вечер е полна и образложи затоа се приклучиле кон Европскиот фронт.

- Емоцијата е убава затоа што ја имаме за да постигнеме нешто, да ги обединиме Албанците како што е довербата на луѓето, на нашите преродбеници кои ни го покажаа патот кој за нас е западот и Европската Унија. Не сме заедно против никого, бидејќи политиката и нејзиното организирање не се прави од гнев, туку со љубов кон нацијата, јазикот, идните генерации. Заедно ќе го поддржиме заедничкиот кандидат за претседател Бујар Османи.

На собирот во Гостивар се обрати кандидатот за претседател Бујар Османи, кој напомена дека ова е историски момент.

- Од Гостивар ја започнуваме заедничката историја на Европската Унија. Стоиме овде како доказ за тоа што можеме да направиме заедно кога ќе се собереме и ќе ги надминеме нашите разлики. Со Европскиот фронт се слуша вашиот глас, рече Османи. згм/нд/

Остани поврзан