• среда, 18 декември 2024

Ахмети: Жените исто колку и мажите се заслужни за многу важни процеси

Ахмети: Жените исто колку и мажите се заслужни за многу важни процеси
Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Жените се заслужни колку и мажите за многу важни процеси, било за слобода, еднаквост или демократија, изјави вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети на панел дискусијата „Родовата интеграција во последните 20 години” организирана од Форумот на жени на ДУИ. Во својот говор пред присутните, Ахмети порача дека жените секогаш ќе ја имаат неговата поддршка и поддршката од ДУИ. - Денес роденден слават сите тие кои придонесоа да нема дискриминацијата и да се изгради еднакво општество. Денес роденден слават сите Албанци кои државата ја чувствуваат како своја, а не како кираџии како што беа до 2001 година. Жалам кога ги слушам опозициските партии како ронат „крокодилски солзи“ дека сме трошеле многу за роденденот на ДУИ. Денес имаме едно многу толерантно општество, изјави Ахмети и посочи дека иднината на државата е заедно да се водат процесите напред. оџ/бак/    

Остани поврзан