• вторник, 24 декември 2024

АХВ: Ако пратката со пиперките биде вратена во земјава, ќе се издаде налог за нејзино уништување

АХВ: Ако пратката со пиперките биде вратена во земјава, ќе се издаде налог за нејзино уништување

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека вчера, преку апликацијата RASFF Window од Системот за предупредување за небезбедна храна на Европската унија (RASFF) доби нотификација за небезбеден производ од категоријата овошје и зеленчук извезен од нашава земја - свежи пиперки наменети за пазарот во Хрватска.

При спроведената гранична контрола, земениот примерок за лабораториска анализа покажал отстапување во однос на присуство на резидуи од пестициди. Добиениот резултат покажал присуство на остатоци од пестицидот форметанат и вредност која претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето.

Од страна на хрватските власти забранет е увоз на спорниот производ.

Доколку пратката со небезбедните производи биде вратена во земјава, АХВ ќе издаде налог за нејзино нештетно уништување кое ќе се реализира под надзор на инспекциските служби на Агенцијата. мч/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан