Аун: Раката што го нарушува цивилниот мир ќе биде отсечена
- Аун рече дека „никој во Либан не сака граѓанска војна и дека никој што се обидува да ја искористи ситуацијата нема да успее“, пренесува либанската државна агенција ННА.
Бејрут, 30 март 2026 (МИА) - Либанскиот претседател Џозеф Аун денеска изјави дека „раката што го нарушува цивилниот мир ќе биде отсечена“, нагласувајќи дека безбедносните сили преземаат решителни мерки, вклучително и апсења и конфискација на оружје.
Аун рече дека „никој во Либан не сака граѓанска војна и дека никој што се обидува да ја искористи ситуацијата нема да успее“, пренесува либанската државна агенција ННА.
Аун, исто така, укажа на влошената ситуација на југот од земјата, опишувајќи ја како трагична поради сериозните кршења на правата што ги изврши Израел, истакнувајќи дека се во тек меѓународни напори за поттикнување на преговорите со израелската страна.сд/ссм/
Фото:ЕПА