• понеделник, 23 декември 2024

Ауди најави продажба на дел од Заубер на катарски фонд

Ауди најави продажба на дел од Заубер на катарски фонд

Берлин, 30 ноември 2024 (МИА) – Компанијата Ауди потврди дека ќе продаде дел од својот нов Формула 1 тим на државен фонд од Катар.

Тимот, кој настапува како Заубер, ќе стане фабрички тим на Ауди од сезоната 2026 година.

Компанијата не сподели детали, меѓутоа, според „RacingNews365“, фондот ќе стекне приближно 25 отсто од акциите на Заубер.

Фондот во моментов веќе поседува 17 отсто од концернот Фолксваген, во кој спаѓа и Ауди. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан