Атлетико победи, но не ја помина групната фаза на Светското клупско првенство
- Фудбалерите на Атлетико Мадрид вечерва во Пасадена го совладаа Ботафото со 1:0 во 3. коло на Светското клупско првенство. Сепак, шпанскиот претставник не успеаја да ја поминат групата и останаа без пласман во втората фаза.
Пасадена, 23 јуни 2025 (МИА) – Фудбалерите на Атлетико Мадрид вечерва во Пасадена го совладаа Ботафото со 1:0 во 3. коло на Светското клупско првенство.
Сепак, шпанскиот претставник не успеаја да ја поминат групата и останаа без пласман во втората фаза.
Бразилскиот тим и покрај поразот се пласира помеѓу 16-те најдобри. До пировата победа Атлетико стигна со голот на Антоан Гризман во 87.минута.
На другиот натпревар од оваа група, ПСЖ го победи Сиетл со 2:0.
Пари Сен-Жермен со шест бодови и гол-разлика +5 е прв на табелата во Б-групата, второто место го освои Ботафого исто така со шест бода и гол-разлика 3:2. Атлетико е трет со шест бода и ефикасност 4:5, Сиетл е последен без освоен бод. зс/
Фото: ЕПА