• понеделник, 23 декември 2024

Атлетико најверојатно нема да го продолжи договорот со Витсел

Атлетико најверојатно нема да го продолжи договорот со Витсел

Мадрид, 17 ноември 2024 (МИА) - Аксел Витсел најверојатно ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот на сезоната.

Клубот од Мадрид не преговара за нов договор со дефанзивецот и најверојатно нема да го обнови неговиот договор, пренесува „Relevo“.

Белгиецот во јануари ќе наполни 36 години, додека Атлетико, според изворот, има намера да го подмлади тимот и да ја растовари сметката за плати.

Во тековната сезона во шпанската Ла Лига, Витсел одигра осум натпревари на кои оствари една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан