• петок, 30 јануари 2026

Атанасов: Со агресивна одбрана и организиран напад ќе можеме да дојдеме до целта

Атанасов: Со агресивна одбрана и организиран напад ќе можеме да дојдеме до целта

Скопје, 27.јануари 2026 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре го играат седмиот дуел од АБА 2 лигата, а противник им е екипата на Подгорица Бемакс. Македонскиот претставник по шест натпревари има биланс од три победи и три порази и се наоѓа на 10.место на табелата, а победата е потребна за пласман во следната фаза.

-  Ова е натпревар што мора да го добиеме. Победата во домашната лига ни ја крена самодовербата и мислам дека со агресивна одбрана и организиран напад ќе можеме да дојдеме до целта. Играме на домашен терен и секако очекувам поддршка од трибините, изјави тренерот на „металците“ Васко Атанасов.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Подгорица Бемакс се игра утре (среда) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот. мн/

Фото: МИА

Остани поврзан