• петок, 05 декември 2025

Атанасов: Гостувањето во Никшиќ е секогаш предизвик

Атанасов: Гостувањето во Никшиќ е секогаш предизвик

Скопје, 21.октомври 2025 (МИА) – Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје утре го очекува нов предизвик во АБА 2 лигата на гостувањето во Никшиќ против Сутјеска. Во првото коло македонскиот првак оствари победа на домашен терен против Вршац, а триумф во првата рунда има и Сутјеска, која славеше на гости против Широки. 

-   Пред нас е тежок натпревар против квалитетна и пред се искусна екипа. Гостувањата во Никшиќ секогаш се предизвик, поради атмосферата и настапот пред публика што ја познава кошарката. Нашата цел е позната, ние одиме на победа на секој натпревар, што значи дека ќе се обидеме да дојдеме до победа и против силаната Сутјеска и да ја продолжиме победничката низа, изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Васко Атанасов.

Натпреварот Сутјеска – МЗТ Скопје Аеродром се игра во среда со почеток во 20 часот.   мн/ 

Фото: МИА

Остани поврзан