Атаман: На дуелот со Олимпија Милано го загубивме балансот во одбраната
- По поразот на гостувањето во Милано од екипата на Олимпија Милано тренерот на Панатинаикос Ергин Атаман беше незадоволен
Атина, 12.декември 2025 (МИА) – По поразот на гостувањето во Милано од екипата на Олимпија Милано тренерот на Панатинаикос Ергин Атаман беше незадоволен. Кошаркарите на Пао во 15.коло од Евролигата го претрпеа шестиот пораз. Но, тоа не беше пречка турскиот тренер на прес конференцијата да се обрати во свој стил:
- Видовме дека не сме добра екипа и не сме во групата на екипи за освојување на Евролигата. Олимпија Милано одигра добар натпревар. По првиот период ние апсолутно го загубивме балансот во одбраната и тогаш тие направија разлика од 30 поени. Тие доминираа на натпреварот, изјави Атаман.
Панатинаикос во следното коло ќе игра против актуелниот европски првак Фенребахче. мн/
Фото: ЕПА