• среда, 28 август 2024

Аталанта подготвена да го продаде Иличиќ за 30-35 милиони евра

Аталанта подготвена да го продаде Иличиќ за 30-35 милиони евра
Бергамо, 12 април 2020 (МИА) - Аталанта ја објави цената на напаѓачот на клубот Јосип Иличиќ, пренесе „Gazzetta dello Sport“. Според италинскио весник, клубот од Бергамо е подготвен да се раздели со 32-годишниот словенечки за 30-35 милиони евра. Оваа сезона Иличиќ има 21 натпревар во италијанскиот шампионат, во кој постигна 15 голови и направи осум асистенции. На седум натпревари од Лигата на шампионите, напаѓачот постигна 5 гола, вклучувајќи и четири во 1/8 финалниот натпревар против Валенсија. зс/

Остани поврзан