Аталанта нема намера да го продаде Лукман оваа зима
- Претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси, по победата над Милан вчеравечер со 2:1 во 15. коло од Серија А, проговори за иднината на напаѓачот Адемола Лукман, кој го постигна победничкиот гол во 87. минута.

Бергамо, 7 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси, по победата над Милан вчеравечер со 2:1 во 15. коло од Серија А, проговори за иднината на напаѓачот Адемола Лукман, кој го постигна победничкиот гол во 87. минута.
- Не планираме ништо да менуваме во јануарскиот преоден рок, го цитира Перкаси новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс.
Дваесет и седумгодишниот Нигериец на 17 настапи оваа сезона постигна 10 голови и имаше пет асистенции. зс/
Фото: ЕПА