• петок, 26 јули 2024

Асфалтирани улици во Гевгелија и населеното место Давидово

Асфалтирани улици во Гевгелија и населеното место Давидово
Гевгелија,13 јули 2022 (МИА) - Со средства од општинскиот буџет, заврши асфалтирањето на малата но многу фреквентна улица „Ристо Шуклев“  која се наоѓа во централното подрачје на Гевгелија, во близина на ООУ „Крсте Мисирков“, соопштија денеска од Општина Гевгелија. -На оваа улица, која покрај автомобилите е многу користена и од учениците, посебно за време на големите одмори, прво беше реконструиран долниот строј, а потоа беше поставен и нов асфалт при што се вршеше и нивелирање на канализациските шахти, велат од општината. Покрај оваа улица, во населеното место Давидово заврши изградбата на нова улица во горниот дел од селото која значително ќе ги подобри условите за живот на локалното население од тој дел. Градоначалникот Андон Сарамандов,при обиколката на улиците,најави дека она што било до сега запоставено ќе се решава согласно можностите на општината со акцијата која продолжува бидејќи подеднакво е вежно секое населено место на територијата на општина Гевгелија. им/сст/

Остани поврзан