• понеделник, 16 декември 2024

Асфалтирани три улици во населбата Пролет во Делчево

Асфалтирани три улици во населбата Пролет во Делчево

Делчево, 29 ноември 2024 (МИА) – Во Делчево заврши асфалтирањето на три улици во населбата Пролет, соопшти денес градоначалникот на Општината, Горан Трајковски. Овој инфраструктурен проект како што истакна тој е од големо значење за жителите кои живеат во оваа населба која е доста атрактивна имајќи ја предвид близината до централното градско подрачје.

- Заврши реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект во Општина Делчево. Со поставување на нов асфалт, заврши изградбата на улица 3, улица 5 и улица 6 во вкупна должина од 510 метри, со што населба Пролет добива нов урбан лик. Изградбата на останатите улици во „Пролет“ ќе се решава парцијално, наредниот период, а паралелно ќе се решава и експропријацијата, истакна Трајковски во своето соопштение.

Со изградба на улицата како што додаде е изградена и атмосферска канализација во должина од 837 метри.

- Решавањето на инфраструктурата ќе ја зголеми атрактивноста на населбата и ќе придонесе за подобар урбан изглед на овој дел од градот во чија близина е и Здравствениот дом и старата собраниска зграда и ќе ги мотивира сопствениците на градежни парцели да инвестираат овде во оваа населба, додаде делчевскиот градоначалник.

Средствата на овој инфраструктурен проект во висина од 9.323.837 денари без ДДВ се обезбедени од Владата на РСМ (Министерство за транспорт и врски) во 2023 година и кофинансирање од Буџетот на Општина Делчево, а изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково. вс/ир/

Фото: МИА

Остани поврзан