• недела, 15 декември 2024

Асфалтирани половина километар до штипското село Почивало

Асфалтирани половина километар до штипското село Почивало
Штип, 19 март 2021 (МИА) - Асфалтирани се половина километар на локалниот пат меѓу селата Шашаварлија и Почивало. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов кој беше на увид во градежните работи вели дека оваа инвестиција е вредна  2,6 милиони денари и е заедничка на Агенцијата за финансиска подршка за земјоделство и рурален развој и Oпштина Штип. Во изминатите две години на овој локален пат кој е во должина од околу осум километри се завршени вкупно четири и пол километри, со што остануваат да се асфалтираат уште три и пол километри. Штипското село Почивало е најодалечено од градот Штип, а од асфалтирањето на локалниот пат околу кој гравитираат пет села бенефит и подобра комуникација ќе имаат околу 1.000 граѓани. На овој дел од Општина Штип, жителите вообичаено се занимаваат со сточарство, овоштарство, тутун и други земјоделски култури. вдј/нд/

Остани поврзан