• петок, 05 декември 2025

Асфалтирана улицата „30“ во населбата Илинден

Асфалтирана улицата „30“ во населбата Илинден

Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, Општина Илинден изврши целосна реконструкција на улицата „30“ во населбата Илинден, во местото Плац. Станува збор за сообраќајница долга 600 метри и широка 4 метри, којашто добила целосно обновен и современ изглед.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски извршил увид во завршните активности. Потенцирал дека реконструкцијата била неопходна поради оштетувањата настанати за време на изградбата на примарната мрежа на фекална канализација. Тој посочил дека оваа улица има особено значење за жителите од овој дел на општината, но и за непречено одвивање на сообраќајот на сите граѓани. Градоначалникот нагласил дека Општина Илинден континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, бидејќи тоа претставува клучен фактор за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.

Реконструкцијата е целосно финансирана од буџетот на Општина Илинден. Најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат активностите за унапредување на патната инфраструктура и во останатите делови од општината. фф/вј/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан