• недела, 28 јули 2024

Астрономите открија црна дупка најблиску до Земјата

Астрономите открија црна дупка најблиску до Земјата
Њујорк, 7 мај 2020 (МИА) - Астрономите открија црна дупка најблизу до Земјата. Нејзината локација ја откриле две светли ѕвезди, кои можат да се видат со голо око од јужната полутопка. Црните дупки се места во вселената од кои дури и светлината не може да излезе поради силната гравитација. Кога астрономите го проучувале со coѕвездието Телескопиум, забележале дека на една ѕвезда ѝ се потребни 40 дена за да заокружи околу скриен предмет. Втората sвезда е оддалечена од првата и од црната дупка. Ова беше забележано со телескоп од опсерваторијата Ла Сила во Чиле. Астрономите го опишале системот во списанието „Astronomy & Astrophysics“. - Бевме целосно изненадени кога сфативме дека ова е првиот ѕвезден систем со црна дупка што може да се види со голо око, вели коавторот на студијата Петр Хадрава од Чешката академија на науките во Прага. Бидејќи црната дупка нема силна интеракција со околината, не е видлива, така што само проучувањето на орбитата на ѕвездите укажа на нејзиното постоење. - Невидлив предмет на маса најмалку четири пати поголема од големината на Сонцето може да биде црна дупка, вели Томас Ривиниус, водач на студијата и научник во Европската јужна опсерваторија. Со текот на годините, астрономите пронајдоа десетици црни дупки на Млечниот пат. Овие дупки го откриваат нивното присуство преку насилни интеракции со околината и емисија на видливо зрачење. Ова ново откритие на „тивка црна дупка“ би можело да биде прво од многуте, велат научниците, кои веруваат дека во животот на нашата галаксија, многу sвезди пропаднале и создале црни дупки. паг/    

Остани поврзан