• среда, 25 декември 2024

Астероид мина на два милиона километри од Земјата

Астероид мина на два милиона километри од Земјата
Хјустон, 22 март 2021 (МИА) - Астероид со дијаметар од околу 900 метри мина на два милиона километри покрај Земјата, објави американската вселенска агенција НАСА. Растојанието на астероидот е петпати поголемо од Земја-Месечина, но тоа е доволно блиску за да може да се смета за „потенцијално опасно“. Астероидот „2001-ФО-32“ беше најблиску до Земјата вчера околу 14:00 часот по Гринич. Според НАСА, астероидот се движел со брзина од 124.000 километри на час. Проучување на астероиди и комети кои се приближуваат до Земјата им овозможува на научниците подобро разбирање за Сончевиот Систем.  си/сд/

Остани поврзан