• вторник, 24 декември 2024

Асад: Со гласањето на изборите Сиријците извршија редефиниција на револуцијата

Асад: Со гласањето на изборите Сиријците извршија редефиниција на револуцијата
Дамаск, 28 мај 2021 (МИА) -  Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска изјави дека Сиријците кои гласаа на претседателските избори во средата го повратија вистинското значење на револуцијата, откако таа претходно беше оцрнета од „платеници“. -Ја зачувавте нејзината репутација и повторно ја почнавте, рече Асад во телевизискиот говор, еден ден откако беше прогласен за победник на изборите, со 95 проценти од гласовите, пренесуваат британските медиуми. Сириската Влада овие избори, што опозицијата и Западот ги отфрлија како фарса, ги смета за индикација дека земјата функционира нормално и покрај еднодецениската граѓанска војна, која однесе стотици илјади животи и расели 11 милиони луѓе или околу половина од населението. Победата на Асад (55) му овозможи уште седум години власт и го продолжува владеењето на неговото семејство на речиси шест децении, бидејќи неговиот татко, Хафез ал-Асад, ја водеше Сирија цели 30 години, се до неговата смрт во 2000 година. Министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД пред изборите го критикуваа Асад, најавувајќи дека гласањето нема да биде слободно или фер. Турција, отворениот противник на Асад, исто така, соопшти дека изборите се нелегитимни. Меѓутоа, британските меидуми наведуваат дека победата на Асад  му ја честитаа Кина, Русија и либанското движење Хезболах, кое е поддржано од Иран. сд/

Остани поврзан