• вторник, 24 декември 2024

Архиепископот г.г. Стефан и членовите на работниот состав на САС во посета на српскиот Патријарх

Архиепископот г.г. Стефан и членовите на работниот состав на САС во посета на српскиот Патријарх

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - На покана на Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј, а по повод тригодишнината од неговиот избор за Претстоител на сестринската Српска Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан бил во дводневна посета на Белград, Србија, објави Литургија.мк.

Архиепископот бил придружуван од членовите на работниот состав на Светиот архијерејски синод: Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, и од секретарот на Синодот, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент.

На средбата присуствувале и Неговото Преосвештенство Епископот Бачки г. Иринеј, член на Светиот архијерејски синод на Српската Православна Црква и архимандритот Нектариј Ѓуриќ, главен секретар на Синодот на Српската Црква.

Посетата, како што пишува, поминала во пријателска и братска атмосфера, при што посебно внимание се посветило на актуелностите во сеправославиот свет. дма/бак/

Фото: Литургија.мк

Остани поврзан