• четврток, 07 ноември 2024

Археолошко истражување на локалитет во Валандовско

Археолошко истражување на локалитет во Валандовско
Гевгелија, 23 мај 2022 (МИА) - На археолошкиот локалитет „Стакина чешма“ во општина Валандово се вршат работите за истражување на луксузна доцноантичка вила, која била откриена во претходниот период. Досега на овој локалитет кој, според археолозите, се истражува од 1987 година, биле евидентирани десет простории од кои осум биле целосно истражени, а моментално археолошки се обработува еден базен во полукружна форма, наречен Римски домус, и подна мозаична површина со мермерни плочи изведени од полихромни тесели во разни мотиви. Од општината посочија дека откривањето на овој локалитет ги потврдува досегашните претпоставки дека се работи за комплекс на луксузни објекти,в или и палати кои имаат исклучително значење за македонската археологија и културолошката посебност на Валандовскиот регион.им/свс/

Остани поврзан