• вторник, 24 декември 2024

Архамија: Украина не ги менува ставовите

Архамија: Украина не ги менува ставовите
Киев, 13 април 2022 ( МИА)  - Шефот на украинската преговарачка делегација Давид Арахамија изјави дека Киев во преговорите со Руската Федерација се придржува до Истанбулското коминике и не ги промени ставовите. - Украинската страна се придржува до Истанбулското коминике и не ги промени своите позиции и покрај изјавите на рускиот министер за надворешни работи (Сергеј Лавров). Единствената разлика е во тоа што не ги земаме предвид сите дополнителни прашања, што не беа вклучени во Истанбулското коминике. Најверојатно тоа предизвика погрешно толкување на моменталната состојба во преговарачкиот процес, објави Арахамија на Телеграм. Тој додаде дека преговорите за договор за безбедносни гаранции за Украина продолжиле преку интернет. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека преговорите со Украина се во застој и оти „украинската страна се повлекла од Истанбулскиот договор“. ми/

Остани поврзан