• среда, 27 ноември 2024

Артим Шакири го наследи Акраповиќ на клупата на Шкендија

Артим Шакири го наследи Акраповиќ на клупата на Шкендија
Тетово, 5 април 2022 (МИА) – Поранешниот прославен македонски фудбалски репрезентативец Артим Шакири е назначен денеска за вршител на должноста тренер на Шкендија, ден откако актуелниот шампион ја раскина соработката со босанскиот стратег Бруно Акраповиќ. Како што е соопштено, Шакири ќе ја извршува тренерската должност до назначување на перманентно решение на чело на стручниот штаб, а на крајот на сезоната официјално ќе ја преземе функцијата спортски директор на Шкендија. Шакири како фудбалер беше дел од Шкендија во сезоната 2007/08, а веќе седеше на клупата на тетовскиот клуб во натпреварувачката сезона 2012/13. Шкендија вчера ја прекина соработката со Акраповиќ по неделното реми без голови на домашен терен против Борец, што клубот од Тетово го остави на второто место со 13 бодови заостанување зад лидерот Шкупи. ег/цр

Остани поврзан