Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
- Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по синоќешниот пораз од Њукасл (0:2) во првиот натпревар од 1/2 финалето на англискиот Лига куп, истакна дека во Премиер лигата тимовите играат со топки од различен производител.
![Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа](https://mia.mk/index.php/images/20250108074459_big_730x400_82.webp )
Лондон, 8 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по синоќешниот пораз од Њукасл (0:2) во првиот натпревар од 1/2 финалето на англискиот Лига куп, истакна дека во Премиер лигата тимовите играат со топки од различен производител.
- Едноставно е различно, многу различно од топката во Премиер лигата и треба да се прилагодите на неа бидејќи се движи поинаку. Кога ќе ја допрете, стисокот е исто така многу различен, така што треба да се навикнете, изјави Артета.
Реваншот ќе се одигра во Њукасл на 5 февруари.
Во другата полуфинална пресметка ќе се соочат Тотенхем – Ливерпул. зс/
Фото: ЕПА